fbpx

Комисијата смета дека барањето за отповикување на Иванов е неосновано

-

Предлогот за импичмент на претседателот Ѓорге Иванов не е основан, оцени собраниската Комисија. Пратениците на СДСМ, ДУИ и на ДПА гласаа „за“, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во комисијата, беа против.

Но, без оглед на тоа што мнозинството смета дека нема основаност за барање одговорност од претседателот, пратениците на пленарна седница на 13 јуни ќе мора да дебатираат за извештајот.

Рената Дескоска од СДСМ смета дека заклучоците се донесени во нецелосна процедура, која, според неа, е водена за да не се утврдат фактите.

– ВМРО-ДПМНЕ со прекршување на деловниот си обезбеди мнозинство во комисијата и од таа причина не очекувавме дека постапката ќе се води темелно. Иванов не се појави ниту, пак, даде исказ. А секој претседател кој има аргументи на своја страна, би дошол и би ги кажал своите аргументи – рече Дескоска.

Со ставот на СДСМ се согласуваат и од ДУИ. Пратеникот Талат Џафери смета дека Иванов ја донел одлуката за помилување во сомнителна постапка, која се коси со законските одредби.
Пратеникот Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека извештајот е сублимат на сè што се дискутирало изминатите седници на комисијата. Според него, барањето на СДСМ за импичмент на Иванов е целосно неиздржано и не се темели на правни аргументи.

– Граѓаните по дебатата ќе оценат кој бил во право, а кој не и дали претседателот ги злоупотребил своите овластувања и дали донел противуставна одлука – смета Мукоски.

За да се почне постапка пред Уставниот суд, потребно е мнозинство од 82 пратеника.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...