!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Комисијата разгледа 80 амандмани за предлог-буџетот, со работа ќе продолжи во 18.30 часот


       
Скопје, 6 декември, 2017 - 18:16 (META) 

На амандманската расправа за предлог-буџетот за 2018 година во Комисијата за финансирање и буџет, за два часа, беа одбиени 59 амандмани, со што, вкупниот број на одбиени амандмани на денешната расправа до 18 часот е 67.

Комисијата досега прифати шест амандмани на ВМРО-ДПМНЕ и на Беса, кои се однесуваат на субвенции за печки на пелети, ТИР-зоната во Куманово, изградба на колекторски систем во Неготино, решавање на проблемот со депонијата во Струга, изградба на детски парк во Нерези, Општина Карпош. Пратениците на Движењето Беса, за време на расправата во комисијата, повлекоа шест амандмани, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не учествуваат во расправата.

Комисијата за финансирање и буџет расправата по преостанатите 199 амандмани ќе ја продолжи во 18.30 часот.