fbpx

Комисијата на Сенатот ја одобри номинацијата на Кристофер Вреј за нов шеф на ФБИ

-

Комисијата за правосудство на американскиот Сенат едногласно ја одобри номинацијата на Кристофер Вреј за нов директор на Федералното истражно биро (ФБИ), јавуваат медиумите во САД.

Сите 20 членови на комисијата гласале за номинацијата на Вреј, кој по професија е адвокат, а во администрацијата на Џорџ Буш Помладиот ја вршеше функцијата помошник-министер за правосудство.

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Вреј за шеф на ФБИ минатиот месец, откако го отпушти претходниот директор на агенцијата, Џејмс Коми, за време на истрагата околу наводите за руско влијание на претседателските избори во САД.

Именувањето на Кристофер Вреј за нов директор на ФБИ треба да го потврди Сенатот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...