fbpx

Комесаријат за бегалци: Во Прешево ниту еден мигрант не останал без храна

-

Комесаријатот за бегалци и за миграција од Србија соопшти дека ниту еден мигрант во Прифатниот центар во Прешево не останал без храна, откако претставникот на Црвен крст, Ахмет Халими, изјави дека на мигрантите не им се дели храна, туку само топли чаеви и супа.

Оттаму, исто така, наведуваат дека во Прешево постојано се присутни претставници на меѓународната заедница и дека секојдневно можат да се уверат дека храна за мигрантите има колку што е потребно.

Во прифатниот центар во Прешево досега поминале 700.000 мигранти, а во моментов во него престојуваат помеѓу 700 и 1.000 мигранти од Блискиот Исток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...