fbpx

Колумбиската полиција запленила рекордни осум тони кокаин

-

Колумбиската национална полиција запленила осум тони кокаин долж границата со Панама, соопштија властите во Богота. Како што пренесуваат светските медиуми, станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во оваа земја, во изминатите неколку години.

Полициската акција за заплена на дрогата, според колумбиските власти, била изведена во подземно скривалиште на плантажа со банани во општината Турбо. Во операцијата биле уапсени три лица.

Министерот за одбрана на Колумбија, Луис Карлос Виљегас, изјавил дека дрогата му припаѓала на криминалниот клан Усуга. Соединетите Американски Држави имаат понудено награда од 5 милиони долари за фаќање на водачот на криминалната група.

Според податоците на Обединетите нации, годишно во Колумбија се произведуваат 442 тони кокаин. Минатата година колубиските власти успеале да запленат 252 тони наркотици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...