fbpx

Колумбијците го отфрлија мировниот договор со ФАРК

-

Колумбијците на референдум ја отфрлија спогодбата за ставање крај на полувековните судири меѓу владата и бунтовничката група Револуционерни сили на Колумбија (ФАРК).

Според 99 отсто од пребројаните гласови, 50,24 отсто од гласачите се изјасниле против спогодбата, а 49,75 биле „за“.

Анкетата спроведена пред референдумот предвидуваше глатка победа на опцијата за ратификување на спогодбата.

Колумбиската влада и ФАРК минатата недела потпишаа историски мировен договор, со што и официјално е ставен крај на полувековниот судир во кој се убиени стотина илјади лица.

Спогодбата на церемонијата во Картахени, град на карипскиот брег на Колумбија, ја потпишаа претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, и лидерот на ФАРК, Тимолеон Хименес, познат по прекарот Тимоченко. Договорот го потпишаа со пенкало изработено од куршум.

На потпишувањето на договорот присуствуваа 2.500 странски претставници.

Спогодбата има 297 страници, а тогаш е објавено дека мора да биде ратификувана на референдум на 2 октомври.

Во следните шест месеци бунтовниците ќе го предадат оружјето на набљудувачите под покровителство на ОН, додека формираат партија.

ФАРК ќе има загарантирани најмалку 10 места во конгресот.

Во судирите, според досегашните процени, загинаа 220.000 лица, додека милиони мораа да ги напуштат домовите.

Спогодбата следува по четиригодишни преговори, кои повеќепати беа на раб да се прекинат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...