fbpx

Коловозите влажни, „Македонија пат“ препорачува внимателно возење

-

Сообраќајот низ Македонија се одвива тековно, по влажни коловози, а во западниот дел на државата наместа со остатоци од кашест снег.

Како што информира јавното претпријатие „Македонија пат“, снег со слаб интензитет врне кај Крива Паланка, Стража, Маврово и Дебар. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. Се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Од „Македонија пат“ велат дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...