fbpx

Колку повеќе успешни фирми, толку поголеми плати за инженерите

-

Стручниот образовен кадар е од голема важност за стопанските субјекти и за вклучување во глобализацијата со изострена конкуренција. Оттука, Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет потпишаа меморандум за соработка, за развој на стручното образование, со што ќе се добие квалификуван кадар во меѓународни рамки.

– Главната цел е да се обезбеди квалитетна практична работа на студентите во компаниите кои се во Советот на странски инвеститори, како и размена на искуство од претставници од компаниите во наставниот процес. Преку квалитетно образование, со квалитетна практична работа, се обезбедува квалитетна работна сила по завршувањето на студиите – изјави претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора, Хуан Педро Хименез Наваро.

Тој смета дека практичната настава треба да трае подолго за разлика од сега, бидејќи квалитетните програми за практична настава се можност за успех на студентите.

Според деканот на Машински факултет, Атанас Кочов, преку соработката со компаниите, се отвора можност студентите да работат на реални проблеми.

– Во моментов наши студенти работат за нивните дипломски работи во „Арцелор Митал“, „Џонсон Мети“. Минатата година, 74 проценти од вкупниот број промовирани студенти се вработија. Од нив, 12 до 15 проценти се вработија во странски компании. Студиските програми се современи, во согласност со потребите на пазарот на трудот, а се бараат сите струки од енергетски сектор, хидраулично инженерство, автоматика, индустриски дизајн, индустриско инженерство – изјави Кочов.

На новинарско прашање како ќе се мотивираат дипломираните инженери кога просечната плата им е од 200 до 300 евра, Наваро изјави дека тие не се формираат на факултетите, туку зависат од пазарот на трудот.

– Платите зависат од понудата и од побарувачката на пазарот на трудот. Но, колку повеќе имате фирми што успешно функциониараат, толку повеќе платите ќе се зголемуваат – изјави Наваро.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нема решение за повеќе од 75 oтсто од вработените постари од 46 години во јавните претпријатија

Во земјава се регистрирани 159 јавни претпријатија кои се формирани од различни нивоа на власт, Собранието, Владата, општините и град Скопје. Најголем број, 143, се основани од град Скопје...