fbpx

Колапс на градскиот превоз во Атина поради штрајк

-

Во Атина денеска почна 24-часовниот штрајк на вработените во јавното претпријатие за шински сообраќај, кое бара укинување на законот кој, според нив, би отворил врата за приватизација на компанијата, јавуваат грчките медиуми.

Во соопштението на синдикатот на вработените во претпријатието се наведува дека новиот закон, со кој се дозволува комерцијална експлоатација на станиците и на објектот на компанијата, би бил „тројански коњ“ и би отворил врата за приватизација на компанијата.

Вработените, исто така, сметаат дека промената на законот значително ќе ги намали приходите на претпријатието и ќе му нанесе огромна штета од одземање на легалниот приход, со што се поткопува неговиот статус на јавно претпријатие.

Метрото, трамвајот и меѓуградските возови нема да работат до утре, а синдикатот најави штрајк и за 1 и за 4 март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...