fbpx

Кој ја објави, а кој не насловната на „Шарли ебдо“

-

Откако ја објавија насловната страница на првиот број по нападот на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“, таа масовно се рашири низ социјалните мрежи, но поголем дел од традиционалните медиуми – не ја објавија.

Првиот медиум што ја објави насловната беше францускиот весник „Либерасион“, кој им обезбеди простории на преживеаните новинари и карикатуристи од нападот за да можат да го подготоват изданието на магазинот кој треба да се објави утре. Карикатурата е потпшана од Луз, истиот карикатурист што ја нацрта спорната карикатура на пророкот Мухамед пред три години. Карикатуристот Луз, чие вистинско име е Реналд Лузиер, го избегнал минатонеделниот масакр бидејќи се успал половина час и задоцнил на работа.

Надвор од Франција, „Вашингтон пост“, германскиот „Франкфутер алгемејне“, италијанскиот „Кориере дела Сера“ и британскиот „Гардијан“ се дел од малкуте медиуми што ја објавија карикатурата.

Во „Би-Би-Си“ насловната е целосно опишана со зборови, но никаде во текстот не може да се види сликата.
Во „Индепендент“ објавена е многу мала слика од карикатурата со пророкот Мухамед од страна, до текстот. Исто и во „Гардијан“, каде на почетокот од текстот стои предупредување за читателите дека во текстот ја има насловната страница на магазинот, која за некого може да биде навредлива.

Британски „Телеграф“ објави само дел од насловната страница, односно горниот дел, каде што стои логото на магазинот и фразата „Сè е простено“, но го изостави  ликот на пророкот Мухамед. Во текстот со зборови целосно е опишано како изгледа насловната.

Американските „УСА тудеј“ , „Хафингтон пост“, „Бизнис инсајдер“, „Си-Би-Ес“ ја објавија карикатурата.

Австралискиот медиум „Њуз“ ја објави карикатурата, а уредникот Даниел Санкеј рекол дека одлуката дали да ја објави или не, не била воопшто лесна.

„Њујорк тајмс“, „Ен-Би-Си“, „Фокс њуз“, британскиот „Мирор“ ја опиша, но не ја објавија карикатурата.

„Ал Џезира“ објави само информација дека во новиот број на „Шарли ебдо“ на насловната страница има маж кој носи бел турбан и држи знак „Јас сум Шарли“, но не ја објавија сликата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...