fbpx

Обука за лекарите кои праќаат многу пациенти на томографија

-

Лекарите што упатиле премногу пациенти на компјутерска томографија или на магнентна резонанца, а по снимањето излегло дека тие немаат болест или повреда, ќе мора да одат на обука што трае 20 часа за упатствата и за протоколите за медицина базирана на докази, како и за штетните последици од неоснованото и прекумерно користење на медицинската опрема.
„Како што знаете, неодамна, на прес-конференција, истакнавме дека лекари од одредени здравствени установи имаат релативно голем број негативни наоди од извршените снимања на компјутерска томографија или магнетна резонанца. Ваквото непотребно упатување на пациентите на снимање, штетно се одразува врз здравјето на пациентите, а воедно се заземаат термини за снимање и се одолжува времето на чекање за пациенти на кои снимањето им е неопходно. Токму за да се заштити здравјето на пациентите, лекарот кој упатил пациент на снимање спротивно од упатствата за медицина базирана на докази, ќе посетува обука во траење од 20 часа за упатствата и за протоколите за медицина базирана на докази, како и за штетните последици од неоснованото и прекумерно користење на медицинската опрема. Истата обука ќе се спроведува и за лекари кај кои во текот на еден месец во 20 проценти од вкупниот број на упатувања за радиолошки испитувања е утврдено дека нема наод за болест или за повреда“, велат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...