fbpx

Кочанчани протестираа против измачувачот на животни

-

Поголема група граѓани на Кочани со транспаренти вчера излегоа пред седиштето на полицијата, со барање да ги заштити од човекот, кого го нарекуваат „душовадникот“, кој помина две години во затвор за силување и е познат дека се изживува врз животните. Неполн месец откако беше вратен од затвор, 30-годишниот кочанец се изживуваше над десетина кучиња. Членови на здружението за заштита на животните ослободија неколку истоштени кучиња, за кои рекоа дека се сомневаат дека биле силувани. Н.Т. ги држел кучињата врзани, без храна и вода, во недоградена куќа на периферијата на градот.

– Се собравме да го искажеме својот револт. Имаме поддршка од многу организации за заштита на животните од Македонија, а имаме поддршка и од здруженија од Германија и од Швајцарија. Сакаме да апелираме на институциите да почнат да си ја работат својата работа. Протестот нема да престане сè додека тој слободно шета по улиците и е закана за нас – изјави Александра Арсова.

Од пред седиштето на полицијата протестот продолжи пред Обвинителството и судот. Граѓаните изјавуваат дека стравуваат и за нивните животи, бидејќи се работи за насилен човек со нарушено психичко здравје, кој е страв особено за младите кочанчани.

На социјалната мрежа „Фејсбук“ активна е група, која ги повикува институциите на реакција:

„Во Кочани по кој знае кој пат животните се жртви на монструм и садист, лице познато на полицијата, но и на граѓаните, кое и покрај бројните реакции на активистите за заштита на животни и хуманите граѓани од Кочани и цела Македонија, лицето Н.Т. и натаму мачи животни без никој од институциите на системот да преземе нешто. На големо се прекршува Законот за заштита на животни, но и Кривичниот законик, и крајно е алармантна ситуацијата. Не е далеку денот кога би посегнал и по човечки живот. Дел од активистите во Кочани почнаа да добиваат и закани од блиски лица на Н.Т“, стои во повикот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...