fbpx

Кочан побарал дополнителен увид во доказите за случајот „Труст“

-

Првоосомничениот во случајот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, денеска, наместо да даде исказ, побарал дополнителен увид во доказите во предметот. Кочан, кој заедно со својот адвокат, Никола Додевски, пристигна во СЈО околу 14 часот, внатре се задржа четириесетина минути, а при излегувањето не сакаше да даде изјва за медиумите.

Тој и неговиот адвокат, како што пишува „МКД“, поради обемноста на материјалот, побарале дополнително време за увид во доказите.

Додевски, пред новинарите, кусо изјави дека станува збор за запазување на процедурата во истрагата.

Инаку, претходно Кочан во СЈО се појави на 26 мај, кога побарал и добил увид во доказите, кои му биле дадени во електронска форма. Тоа беше прво доаѓање на Кочан во СЈО, бидејќи претходно тој два месеци беше во бегство, надвор од земјава, а по него беше распишана и меѓународна потерница.

Кочан е првоосомничен во случајот „Труст“, во кој заедно со уште две лица и со фирмите „Трансмет“ од Скопје, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани“ СЈО ги товари дека со фалсификувана документација добиле тендер од ЕЛЕМ, вреден 17.235.772 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...