fbpx

Коалицијата за промени и правда бара нов договор за специјално судско одделение

-

Ако сакаме да имаме процес на стабилизација на состојбата во Македонија, Специјалното јавно обвинителство мора да продолжи да работи професионално, одговорно, транспарентно и со полна пареа, а по изборите да биде направен нов договор за формирање специјално одделение во Кривичниот суд, кој ќе ги процесира предметите на СЈО. Ова денеска на прес-конференција пред СЈО го истакна претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, придружуван од носителот на кандидатската листата на Коалицијата за промени и правда во четвртата изборна единица, Слободан Богоевски.

Трајанов рече дека СЈО се соочува со проблеми и со опструкции од сите институции кои се по контрола на власта, особено од судот, но истакна дека граѓаните целосно го поддржуваат ова обвинителство.

– СЈО треба да работи пред се транспаретно затоа што ова обвинителство најголемата поддршка ја има од граѓаните, а не од политичарите кои јавно го поддржуваат, но очекуваат тоа да води постапка за некој друг, а не за оние за кои СЈО има основа да работи и да покренува постапки. Сметаме дека СЈО треба да продолжи со работата и во овој период, независно што во тек е изборна кампања и исто така очекуваме во овој период да попушти и одбраната во институциите кои ги бранат интересите на Груевски и на неговата група, затоа што информациите и сомневањата велат дека тие не се инволвирани во кршење на основните човекови права и незаконското прислушување, а има и индиции дека се вмешани во тешки кривични дела, односно тежок криминал – рече Трајанов.

Тој додаде дека очекува по 11 декември, освен формирање на специјално судско одделение, да има и ревизија на работата на јавните обвинители и промени во Јавното обвинителство.

Носителот на листата во четвртата изборна единица, Богоевски, порача никој да не се осудува да го доведува во прашање постоењето и работењето на СЈО.

– Специјалните обвинителства и специјалните судски одделенија се позната категорија во Европа и тие се формираат за расчистување случаи на тешки криминали – истакна Богоевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...