fbpx

Коалицијата ВМРО за Македонија во Тетово понуди решенија за проблемите на граѓаните

-

Коалицијата ВМРО за Македонија попладнево го посети Тетово каде лидерите на трите партии што ја сочинуваат коалицијата, ВМРО – Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија, им ветија на граѓаните почиста животна средина и поголема децентрализација доколку дојдат на власт.

– Тука, во Тетовско, е најдобро да ја повториме нашата идеја за поголема децентрализација, односно секое село да стане општина. Во овој регион има села кои достигнуваат повеќе илјади жители, дури и десет илјади жители. Токму овие села се најголемите губитници од погрешната децентрализација, која ги остави без основни услови за живот. Тоа предизвика масовни иселувања на младите, а со нашата идеја, сметам дека селата откако ќе станат општини, ќе имаат економски напредок – рече Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-НП.

Претседателот на Обединети за Македонија, Лубе Бошковски, рече дека ќе се залага за решавање на образовните проблеми во Тетовско, особено за просторниот проблем на тетовските гимназијалци, кои следат настава на македонски јазик. Стојанче Ангелов од Достоинство изјави дека ќе понуди мерки за намалување на иселувањето на младите од овој крај. Тој, како што рече, ќе се залага и за запирање на етничката дискриминација на Македонците во Тетово.

Носителот на кандидатската листа во шестата изборна единица од коалицијата ВМРО за Македонија, Зоран Велковски, понуди решенија за намалување на големото аерозагадуавње во Тетово. Едното од нив, како што посочи, е ангажирање на меѓународни експерти кои ќе работат на лоцирање на најголемите загадувачи на воздухот во Тетово и мерки за намалување на аерозагадувањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...