fbpx

Книгата на Трамп што Груевски „ја препорачува“, ја нема во нашите книжарници

-

Книгата „Повторно величествена“ (Great Again: How to Fix Our Crippled America), чиј автор е новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а со која поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се одмора во Маврово, не може да се најде низ книжарници во Скопје.

Примерок од оваа книга имало само во книжарницата „Матица“, но не на македонски, туку на српски јазик. Од таму велат дека имале вкупно шест примероци кои чинеле по 620 денари, но се продале. Нови примероци очекуваат да добијат за околу еден месец.

Во книжарницата „Магор“ го немаат најновото остарување на Трамп, но ја имаат книгата „Размислувај како шампион“, која чини 400 денари.

Во кафе-книжарницата „Три“ имаат две постари изданија од Трамп. Таму, на македонски јазик можат да се најдат „Размислувај како шампион“ и „Сè што сакам е и вие да бидете богати“ кои чинат 340 и 350 денари.

Во другите поголеми книжарници не се продаваат и досега не се продавале негови книги.

Трамп, следниот американски претседател, почнувајќи од 1987 година досега има напишано 16 книги, дел од кои се мемоари, дел се бизнис-совети, а дел се политички, како последната „Повторно величествена“.

Оригиналниот наслов на книгата гласи „Осакатена Америка: Како да се направи Америка величенствена повторно“ (Crippled America: How to Make America Great Again) и е издадена во 2015 година, а во 2016 е реиздадена со насловот „Повторно величенствена: Како да се поправи осакатената Америка“ (Great Again: How to Fix Our Crippled America).

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во божиќното интервју за порталот „Република“ ја препорачува новата книга на претседателот на САД, за која вели дека е многу интересна и предизвикувачка. Еве го тој дел:

Значи и Вие одморивте малку?
– Би рекол, активен одмор. Навидум одмор, инаку со мислите работев максимално на планови и на стратегии за понатаму. Носев и некои материјали со мене. Прочитав и некоја книга.

Која книга ја читавте?
– „Повторно величествена“ од Доналд Трамп. Многу интересна. Ја препорачувам.

Што најмногу Ви се допадна во неа?
– Ентузијазмот, упорноста, енергијата, жарот, одлучноста… Се разбира, и конкретните планови и идеи на новиот претседател на САД се многу интересни и предизвикувачки…

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...