fbpx

Клинтон и Трамп во жолчна расправа поради Русија

-

Кандидатите на претстојните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон и Доналд Трамп, се судрија во завршната дебата во кампањата околу Русија, откако Клинтон директно го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека ги наредил хакерските напади за да му помогне на нејзиниот ривал од редовите на републиканците да победи.

Расправата околу Русија била само дел од размената на тешки зборови за време на дебатата, во која Трамп тврдел дека изборите се „монтирани“ од медиумите и тоа за политичкиот естаблишмент да го задржи него подалеку од Белата куќа. Трамп, исто така, одбил да каже дали ќе ги признае резултатите од изборите што ќе бидат одржани на 8 ноември.

Клинтон тврди дека серијата хакерски напади кои ги таргетирале американките политички организации и истакнати поединци „јасно“ ги наредил „лично Путин“ за да направи пресврт во изборите во полаза на Трамп.

Таа додаде и дека рускиот претседател гледа на Трамп, кој веќе говорел поволно за Путин и заговара затоплување на затегнатите односи меѓу Вашингтон и Москва, како потенцијална „марионета“ во Белата куќа.

Како и претходно, Трамп ги отфрли тврдењата дека Москва настојува во негово име да се меша во изборите и ја обвини Клинтон дека се обидува да ја оттргне дискусијата од прашањата за миграцијата, по што ситуацијата ескалираше со размена на остри коментари во врска со Русија.
Тој рече дека Путин не ја почитува Клинтон, ниту претседателот Барак Обама и оти ги надмудрил и двајцата во „секоја можна смисла“.

Американските власти ја обвинија Москва дека ги координира хакерските напади, вклучувајќи го и оној на Демократскиот национален комитет, непосредно пред изборите.

За време на дебатата, Клинтон ја обвини Русија за предавање на украдените податоци на „Викиликс“, кои објавиле мејлови од нејзината кампања.

„Викиликс“ на 15 октомври објави хакирани транскрипти од платените говори кои Клинтон ги држела за фирмите од Вол стрит и во кои избегнала директно да ја критикува моќната финансиска индустрија на САД за одговорноста за финансиската криза од 2008 година.

Овие и другите мејлови што протекоа го отворија прашањето за автентичноста и за тоа колку може да ѝ се верува на Клинтон, иако изборната мапа покажува дека работите во моментов се движат во нејзина полза.

Трамп порача дека би ја осудил Русија, „како и секој друг“ што стои зад хакерските напади и додаде дека Клинтон нема „претстава за тоа дали за тоа е одговорна Русија, Кина или некој трет“.
Кремљ постојано ги отфрла обвиненијата дека зад хакерските напади стои руската влада и ги демантира тврдењата дека на тој начин настојува да се меша во изборите во САД.

Дебатата во Лас Вегас се одржа во момент на слабеење на поддршката на Трамп, откако на 8 октомври беше објавена снимка од 2005 година, во која тој изнесе непристојни и предаторски коментари за жените. Неколку жени потоа истапија и го обвинија за сексуално вознемирување.

Трамп продолжи енергично да ги негира обвиненијата за време на дебатата, велејќи дека сето тоа е „фикција“.

– Сите тие приказни се целосно неточни. Не се извинив за тоа дури ни на мојата сопруга, која седи тука, затоа што ништо не сум направил – рече Трамп.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...