Генералниот секретар на СДСМ и пратеник Александар Кирацовски денеска на прес-конференција во Собранието информираше дека власта обезбедила поддршка од минимум 80 пратеници за усвојување на уставните измени.

–Со иницирање на уставните измени, Македонија станува дел од ЕУ и НАТО. Често ме прашуваат дали обезбедивте двотретинско мнозинство. Јас таа фраза, обезбедени пратеници, не сакам да ја користам, туку имам информации дека минимум 80 пратеници, впрочем и нешто над 80 пратеници, се уверија дека иднината на Македонија е единствено во НАТО и ЕУ. А, тоа е условено со Преспанскиот договор и уставните измени, што треба да се случат најдоцна до петок неделава- рече Кирацовски.

Седницата на која ќе се расправа за уставните измени се очекува да почне во 16 часот, без учество на ВМРО-ДПМНЕ.