fbpx

Кина: Засега останува политиката за едно дете

-

Кина мора да продолжи да ја спроведува политиката на едно дете додека да стапат на сила новите правила што им дозволуваат на двојките да имаат две деца, порача кинеската државна комисија за национално здравје и за семејно планирање.

Владејачката Комунистичка партија минатата недела порача дека Пекинг ќе ја ублажи својата неколкудецениска политика на едно дете. Планот за промената мора да го одобри Сенародниот кинески конгрес за време на своето годишно заседание закажано за март.

Соопштението на државната комисија за национално здравје и за семејно планирање е спротивно на изјавата на претставникот на јужната покраина Хуан, кој минатата недела рече дека двојките што чекаат второ дете нема да бидат казнети.

– До ратификацијата, сите локални заедници мора да ги спроведуваат законите за семејно планирање и правилата што во моментот се на сила – соопшти претставник на државната комисија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...