fbpx

Ким Џонг Ун се извини што им го пореметувал мирот на Јужнокорејците

-

Претседателот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун на денешната средба со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џе Ин се извини поради тоа што им го пореметувал сонот на Јужнокорејците со нуклеарните тестови минатата година.

– Повеќе нема да ви го пореметуваме сонот во раните утрински часови – рече изјави Ким, мислејќи на ветувањето кое го даде дека ќе прекине со изведување на нуклеарни тестови.

После историското преминување на границите на лидерите на Северна и Јужна Кореја, Ким Џонг Ун ја посети Куќата на мирот во Панмунџом каде се запиша во книгата за гости. Во книгата тој напиша: Новата историја почнува сега. Време на мирот, почеток на нова историја“.

Разговорите траеја речиси часа зад затворени врати во редизајнираната сала за состаноци во демилитаризираната зона на границата. Во изјавата за медиумите пред состанокот, Ким, изјави дека сака да ја потсети претседателската Сина куќа во Сеул.

– Мун му кажа на Ким дека, ако дојде во Сеул, воената почесна гарда ќе биде многу поголема од денешната. Ким изјави дека е подготвен да дојде било кога – изјави гласноговорник на јужнокорејскиот претседател.

За време на ракувањето новинарите успеале да слушнат дел од разговорот кој се одвивал. Двајцата лидери рекоа дека им е многу драго што се запознале.

– Моето срце не престанува да трепери поради средбата на оваа историска локација. Почестен сум што дојдовте до воена демократска линија за да се поздравите со мене – рекол Ким Џонг Ун.

Помладата сестра на Ким, Јо Џонг, беше единствената жена помеѓу шесте делегати кои седеа на преговарачката маса.

Разговорите траеле 100 минути и биле искрени и љубезни, а се однесувале за денуклеаризација на корејскиот полуостров. Се дискутирало и за траен мир и за изнаоѓање на начини за унапредување на односите, јавуваат јужнокорејските медиуми.

По заминувањето од свечената сала, Ким Џонг Ун замина со луксузниот продолжен „мерцедес пулман“, додека покрај лимузината трчаа неговите телохранители.


Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...