fbpx

Киев почна ракетни тестови кај Крим, руската флота ставена на готовс

-

Киев денеска соопшти дека почнал дводневни ракетни тестирања во јужниот дел на земјата, во близина на Крим, поради што руските воени бродови од црноморската флота, како одговор, зазедоа позиции кај западниот брег на Крим за да  помогнат во зајакнување на воздушната одбрана на полуостровот.

Ракетните тестирања во Украина ја разгневија Русија, која своите воздушни сили ги стави во висок степен на борбена готовност.

Министерството за одбрана во Москва, соопшти дека Русија ќе одговори на украинските воени вежби така што ќе ги урне сите ракети кои ќе се најдат во зоните на летање над Симферпољ и Одеса.

Како што соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, такви мерки ќе бидат преземени доколку се процени дека постои опасност од ракетите.

Утринава украинскиот воен претставник, Владимир Крижановски, рече дека вежбите се почнати и оти сè се одвива според план и оти тестовите се изведуваат во согласност со меѓународното право, најмалку 30 километри од кримскиот воздушен простор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...