!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

КХВ: „Балкан петролеум“ не може да даде понуда за преземање на „Макпетрол“


       
Скопје, 29 декември, 2017 - 12:53 (META) 

Комисијата за хартии од вредност (КХВ), на денешната седница одлучи, на „Балкан петролеум“ да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“, соопштуваат од таму.

Ваквата одлука, Комисијата ја донела откако на 18 декември, со допис од страна на друг државен орган, била известена дека, претходно е решено прашањето за случајот.

Од Комисијата информираат оти констатирале дека не се исполнети условите од Законот за преземање на акционерски друштва, според кои, проспектот и понудата за преземање треба да се изготвени во согласност со законот.

„Според член 21 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва, акционерите на целното друштво мораат да бидат целосно, точно и навремено информирани за понудата за преземање, за да имаат доволно време правилно да ја оценат понудата, да ги дефинираат своите интереси и да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање“, се вели во соопштението на КХВ.

Случајот со компанијата „Макпетрол“ и обидот за преземање од страна на „Балкан петролеум“ беше заглавен во Комисијата за хартии од вредност, повеќе од една година.