fbpx

Кери и Лавров разговарале за убиството на Немцов и за Украина

-

Американскиот државен секретар, Џон Кери, се сретна со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во Женева, во момент кога се зголемуваат тензиите поради Украина, како и поради убиството на остриот критичар на Кремљ, Борис Немцов.

По 20-минутната средба на маргините на состанокот на Советот за човекови права на Обединетите нации, Кери твитуваше дека имале „искрена дискусија“ за Украина, Сирија и за преговорите со Иран за постигнување спогодба за нуклеарната програма на Техеран.

Кери и Лавров се ракуваа во пресрет на состанокот, но не дадоа никаква изјава за јавност.

Американскиот државен секретар пред два дена повика на „темелна, транспарентна и реална истрага“ за „бруталното убиство“ на Немцов, додека десетина илјади луѓе се обраа на марш на жалоста поради убиството на опозицискиот лидер.

Немцов во петокот беше убиен во центарот на Москва, во непосредна близина на Кремљ, откако напаѓачите, од возило во движење, го застрелаа во грб додека се шетал по мост. Тој е еден од неколкуте убиени остри критичари на политиката на Кремљ откако Путин, пред 15 години, дојде на власт.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...