fbpx

Кеј Хачинсон: НАТО ќе ја брани Македонија од руската агресија

-

Исходот од разговорите за името се чека и во седиштето на НАТО во Брисел. Македонија ги исполнува сите услови, потребен е финалниот чекор со заокружување на преговорите за името за Македонија да влезе во НАТО уште на претстојниот самит во јули, порача амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хатчисон.

– Од претходните самити е јасно дека НАТО е подготвен да ги почне пристапните разговори со Македонија штом се реши прашањето со името. Верувам дека министрите во двете земји работат многу напорно за да се дојде до взаемно прифатливо решение за името. Штом се постигне овој договор и клучното барање се исполни, сметам дека Македонија ќе го почне процесот на пристапување кон НАТО. НАТО беше јасен дека Македонија ги исполнува барањата, освен името и штом тоа се реши ние ја посакуваме за рамноправен партнер. САД силно го поддржуваат приемот на Македонија и се надеваме дека тоа би можело да се случи и на претстојниот Самит, но она што сега се бара од двете земји е да ги завршат преговорите и да го отворат патот за влез на Македонија – изјави Хатчисон.

Амбасадорката изјави дека Алијансата ќе направи се што е можно за да ја заштити Македонија од, како што вели, агресија од страна на Русија и покрај тоа што процедурата за прием на земјата во организацијата се уште не е почната заради нерешеното прашање за името, пренесе РИА Новости.

– Ако спорот за името не биде решен до средбата на врвот на членките на НАТО и не биде започната процедурата за нејзин прием ќе продолжиме да работиме за заштита на земјата од штетните влијанија. Имаме блиски работни односи со Македонија, и во НАТО ќе направиме се што е возможно за да и помогнеме на земјата да се спротивстави на погубното влијание од страна на Русија, било да е хибридна војна или каква била друга дејност – истакна Хачинсон.

Самитот на НАТО ќе се одржи на почетокот од јули во Брисел, а Македонија се надева дека дотогаш ќе биде решено прашањето за името и ќе стане 30-та членка на Алијансата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Забраната за примање невакцинирани деца во градинка во време на епидемија, не е дискриминација

Со објавата се шири паника и се обвинуваат здравствените власти, иако станува збор за стандардно постапување кое поради недоволен вакцинален опфат беше применувано и во 2019 година, кога имаше...