!На 1 февруари 2017 година, заврши промотивниот период на слободно користење на содржините на „Мета“. Во периодот што претстои го воведуваме новиот систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително

Ќе се воведуваат нови возни линии на релација Скопје – Битола


       
Скопје, 13 мај, 2016 - 10:26 (META) 

Од „Македонски железници“ информираат дека од почетокот на јуни, на релацијата Скопје – Битола и обратно ќе сообраќаат седум линии.

Покрај постојните, ќе се воведат и нови возови, па така вкупно ќе има три патнички и четири експресни гарнитури, кои ќе сообраќаат на секои два до три часа.

Секој четврток, возовите бесплатно може да ги користат студентите, секој трет викенд во месецот е бесплатен за младите до 28 години, додека пензионерите бесплатно може да се возат секој втор викенд во месецот.