!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Ќе се реконструира пругата Куманово – Бељаковце


       
Скопје, 5 декември, 2017 - 20:51 (META) 

На денешната 41. седница на Владата, министрите ја усвоија и информацијата за реконструкција на железничката пруга Куманово – Бељаковце од железничкиот коридор 8.

„Владата го задолжи ЈП „Македонски железници“ веднаш да пристапи кон формирање единица за реализација на проектот и на акциски план во кој ќе бидат наведени сите активности што треба да се преземат за надминување на проблемите со утврдена динамика и временски рок“, соопштија од владината прес-служба.

Министрите, исто така, ја усвои информацијата за потребата од финансиски средства за санација на метеоролошките станици во Демир Капија, Штип и во Крива Паланка и за поправка на радарскиот систем во Ѓуриште.

На денешната седница се донесоа и заклучоци со кои на АД ЕЛЕМ му се наложува да не почнува никакви инвестициони активности за проекти надвор од основната дејност, непочнатите проекти да не влегуваат во инвестиционата програма за 2018 година и да се испита можноста за раскинување на склучените договорите за кои не е почната реализација, во случај да не постојат финансиски импликации.