Ќе се подобруваат условите за развој на туризмот во Берово


       
Берово, 17 септември, 2015 - 12:30 (META) 

Сопствениците на викендички и на куќи за сместување во Берово ќе работат на подобрување на условите и на зајакнување на човечките капацитети за промоција на туризмот.

Проект за подигнување на капацитетите на индивидуалните туристички сместувачки капацитети е на Општина Берово во соработка со Мировен корпус.

Предвидено е одржување на дводневна работилница (23 и 24 септември во Бизнис-инкубаторот во Берово), на која ќе бидат разработени модули за категоризација на сместувачките капацитети и за законската регулатива.

Исто така, ќе бидат разгледани и можностите за сопствена промоција на индивидуалните туристички капацитети со користење на новите веб-страниците како што се „Букинг“ (Booking), „Трип адвајзор“ (Trip Advisоr), изработка на веб-страници, промоција на социјални мрежи и сл.

На работилницата ќе се вклучат и ученици од средното училиште во Берово од насоката за туризам.

Ќе биде изработена веб-страница на која ќе можат да се промовираат сите туристички капацитети на територијата на општината. А сместувачките објекти ќе добијат табли за обележување и категорија на туристичкиот објект.