fbpx

Ќе се намали обемот на нарачките со Грција

-

Македонските компании немаат позначителни проблеми во соработката со грчките партнери, но истакнуваат дека соработката се одвива во отежнати услови поради неизвесноста на ситуацијата, што подразбира и можно намалување на обемот на нарачки како резултат на економската состојба во земјата.

Ова денеска беше истакнато на состанокот на тема „Актуелни проблеми во стопанската соработка со компании од Република Грција“ во Стопанската комора на Македонија.

На состанокот присуствуваа компании од областа на прехранбената, металната индустрија, енергетиката, градежништвото, туризмот.

Потврда на ваквите состојби се и официјалните статистички показатели, кои говорат дека вкупната трговска размена со Грција во првите пет месеци од 2015 година достигна вредност од 272,6 милиони долари, што претставува пад од 109,7 милиони долари или 28,7 проценти во однос на истиот период од 2014 година.

Истиот процент на намалување се однесува и на извозот и на увозот. Притоа, остварен е извоз во вредност од 68,7 милиони долари, што претставува намалување од 27,6 милиони долари, додека увозното салдо од 203,8 милиони долари значеше намалување од 82 милиони долари споредбено со истиот период од 2014 година.

Во вкупната надворешно-трговска размена на Македонија со Грција за првите пет месеци од 2015 година, остварен е трговски дефицит од 135,1 милиони долари.

Ако се погледне и учеството на Грција во вкупната надворешно-трговска размена на Македонија во првите пет месеци од 2015 година, истото има тренд на намалување и изнесува 6,4 проценти, што споредено со истиот период минатата година претставува намалување за 1,4 процентни поени. Учеството на извозот од 3,9 проценти претставува намалување од 1,1 процент, а учеството на увозот од 8,1 отсто е намалување за 1,5 процентни поени.

Во согласност со дискусијата на состанокот од страна на присутните компании, пресудна ќе биде разврската што деновиве треба да се случи во однос на грчките предлози од страна на тројката (Европската унија, Европската централна банка и ММФ) за да продолжи тековното функционирање на банкарскиот систем во Грција и имплементација на бараните реформи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...