fbpx

Ќе се гради мочуриште за спас од поплавите во Пелагонија!?

-

Пелагониската Општина Новаци гради стратегија да направи мочуриште за спас од поплавите на земјоделските површини во битолскиот дел на Пелагонија. Воедно, мочуриштето е замислено да се прави како туристичка атракција, со многу содржини.

Според плановите на Општина Новаци, мочуриштето ќе треба да биде во атарот на селото Гнеотино, каде земјоделските површини континуирано се под вода, што поради подземните води, што поради излевањето на Црна Река и на каналите.

– Имаме околу 40 хектари земјоделско земјиште кое речиси секогаш е под вода, затоа правиме стратегија да го направиме мочуриште. Секако тоа ќе биде со флора и со фауна и со придружни содржини кои ќе бидат актракција и ќе привлечат туристи. Во исто време, ќе имаме и издишен вентил за надојдената вода во случај на поплави во Пелагонија. Тука се работи за голема површина која допира до селата Гнеотино, Брод, Рибарци, места кои се лоцирани околу Црна Река – вели градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Во минатото во Пелагонија имало помали мочуришта со разновиден жив свет. Но, тие биле исушени и зафатени со мелиорацискиот систем. Од Општината Новаци велат дека сега ќе бараат помош од Владата повторно да се направи мочуриште во Пелагонија, како контрола на поплавувањето.

– Ќе бараме пари од Владата бидејќи само со наши средства не ќе можеме да го изградите мочуриштето. Затоа е потребна поголема инвестиција, но на крај ќе решиме многу проблеми со водата во полето и ќе ги намалиме штетите од евентуални поплави – рече Котевски.

Денес во Македонија сè уште опстојуваат мочуришта Катлановско Блато, Моноспитовско и Белчишко Блато.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...