fbpx

Ќе се формираат заеднички истражни тимови во борба против криминалот во ЈИЕ

-

Формирање на заеднички истражни тимови во Југоисточна Европа во борба против криминалот, е тема на дводневната конференција на обвинителствата од земјите во регионот што се одржува во Подгорица, соопшти Регионалниот совет за соработка (РCC).

– Загрижува фактот дека има меѓународни криминални групи, а нема заеднички истражни тимови. Поразително ако се знае дека меѓу криминалците постои поголема доверба, отколку меѓу оние што ги гонат – изјави главниот обвинител на Црна Гора, Ивица Станковиќ.

Тој се заложи за непосредна размена на информации, без формални и директни барања за спроведување истражни дејства, без упатување замолници, а сето тоа „врз база на протокол на Европската конвенција за правна помош во кривични постапки и врз основа на Конвенцијата на ООН за борба против транснационалниот криминал“.

– Регионалниот совет за соработка (РCC) ќе ги поддржи сите активности за формирање заеднички инструмент за сузбивање на организираниот криминал преку меѓусебни активности и работилници на заедничките истражни тимови, за да се подобрат директните контакти и размена на искуство – изјави Ивана Гораниќ од РCC.

Заедничката тимови се „услов без кој не се може“ во борбата против криминалот, додаде таа.

Дводневната конференција, на која учествуваат и високи претставници од македонското обвинителство, продолжува со размена на искуства и со можни контакт-точки во борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Конференцијата е во организација на Советодавната група на обвинители од ЈИЕ, Центарот за спроведување на закони во ЈИЕ и на Регионалниот совет за соработка, главно оперативно тело на земјите членки од Процесот за соработка во ЈИЕ (SEECP), каде што членува и Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...