fbpx

Ќе се избира претседател на комисијата за аферата со личните карти, СДСМ нема да учествува

-

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата денеска во 11 часот треба да одржи седница.

Според дневниот ред, предвидено е да се избере претседател и потпретседател на анкетната комисија што треба да се занимава со расчитување на скандалот со фабриката за фалсификување лични карти, пасоши, афери и други документи.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски, утринава ни потврди дека СДСМ останува на ставот да не учествува во работата на оваа комисија и да не предложи свои членови.

– Во Собранието веќе има една анкетна комисија, која, меѓу другото, треба да се занимава и со расчистувањето на овој скандал, затоа што дел од овие работи за гласачи од Пустец и за незаконски издавани лични карти ги имаше и во „бомбите“. Ние нема да учествуваме во работата на оваа комисија ниту, пак, ќе предложиме членови од нашата пратеничка група – телефонски ни изјави Сугаревски.

Комисијата за прашања на изборите и на именувањата седница одржа и во петокот, но претседавачот на комисијата, Трајче Димков, го одложи изборот на членови за да им остави простор на партиите да преложат свои членови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...