fbpx

Ќе има нови, „преспански“ табли за институциите, границите и државните органи

-

На 117. седница одржана вчера, една од првите точки била Информацијата за извршување на Преспанскиот договор. Се разгледувале мерките и активностите што во склад со измените на Уставот, Владата ќе треба да ги преземе обврските седум дена по стапувањето на Договорот на сила, односно со ратификацијата на Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО од страна на Грција.

Според заклученото, по тој датум, министерствата, државни органите и институции, јавните претпријатија и акционерските друштва во сопственост на државата ќе треба да извршат промена на таблите на граничните премини и државната граница на нашата земја, на дипломатско-конзуларните претставништва, како и на влезовите на институциите.

Исти насоки ќе добијат и општините. Најинтересното e што, како што вели Владата „секторите и службите за односи со јавност на државните и јавните институции добиваат насоки за употреба на уставното име согласно усвоените амандмани“.

Дополнително, дадена е обврска државните органи да формираат работни групи за утврдување на натамошните мерки и активности за извршување на одредбите на Договорот од Преспа, а Генералниот секретаријат на Владата добил задолжение да формира Меѓуресорска група која ќе треба да изработи сеопфатен Национален акциски план за понатамошните мерки и активности за извршување на обврските на Македонија кои произлегуваат од договорот со Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...