fbpx

Ќе ги откажат ли општините прославите за да ги донираат парите во хумани цели

-

Иницијативата од Србија за откажување на новогодишните прослави на градските плоштади за парите да се пренаменат за хуманитарни цели, почна да се прифаќа и во Македонија.

Вработените во општинската администрација на Велес и градоначалникот Славчо Чадиев одлучиле парите од општинскиот буџет што биле предвидени за организирање на новогодишна прослава, да ги донираат во хуманитарни цели. Две илјади евра ќе им се доделат на дваесетина најсиромашни семејства во градот.

– Овие семејства ќе ги најдеме преку центарот за социјална работа. Дали тоа ќе биде помош во храна, хигиенски средства или, пак, можеби огрев, ќе видиме, во зависност од нивните потреби. Значи, Општина Велес нема да прави никакви прослави и сите средства ќе бидат наменети за најсиромашните семејства – изјави Чадиев.

Прв кој се откажа од новогодишната прослава беше српскиот град Пожега, при што беше одлучено парите да се пренаменат за помош на лекувањето на болните деца.

По ова, петиција „Да бидеме хумани – Нова година за нов живот“ беше иницирана во повеќе градови во Србија и во Војводина.

Оваа иницијатива наиде на добар прием и кај македонските твитерџии, кои упатија апел на социјалните мрежи, примерот од градовите во Србија, да го следат и градоначалниците во Македонија.

Како резултат на овие апели, Општина Центар информира дека во моментот се ревидираат договорите и правните последици за ваквата одлука.

– Настанот што го организира Општина Центар е одамна подготвен. Освен локални артисти, настапуваат и артисти од регионот, со кои веќе се склучени договори и чие откажување ќе предизвика сериозни финансиски последици. Истото важи и за другиот дел од организациските работи и логистичките трошоци. Општина Центар има целосно разбирање за овие барања.  Сепак, пред да се донесе ваквата одлука, важно е да се направи сериозна и објективна анализа дали воопшто и колку од буџетот може да се заштеди и реално да се пренамени. Во моментов, општинските служби работат на ова прашање и наскоро ќе имаме конкретен одговор – се вели во соопштението на Општина Центар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Тенденциозно и без докази се обвинува дека Украина и Западот стојат зад терористичкиот напад во Москва

Одговорноста за нападот во Москва ја презеде милитантната група Исламска држава (ИСИС). Ден по нападот, на 23 март, ИСИС објави фотографија од четворицата напаѓачи. На 24 март, пак, ИСИС...