„Катимерини“: НАТО ќе го повтори условот за Македонија


       
Атина, 9 јули, 2018 - 11:33 (META) 

Електронското издание на грчкиот весник, „Катимерини“, повикувајќи се на нацрт верзијата на декларацијата на НАТО, до која се тврди дека дошол весникот, пишува оти на претстојниот самит на Алијансата, на 11 и 12 јули оваа недела, Македонија повторно ќе добие само порака дека пристапувањето кон Северноатлантската алијанса ќе зависи од спроведување на договорот за името со Атина. Наводно, условноста ќе се забележела во членовите 59 и 60 од декларацијата.

Владините извори од Атина велат Грција и нејзините партнери се на истата линија по ова прашање, а за него било дискутирано и за време на одделни телефонски разговори минатата недела меѓу американскиот потпретседател, Мајк Пенс и премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев.