!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Катар ги укина визите за Македонија – од денеска може да се престојува и до 30 дена


       
Доха, 9 август, 2017 - 16:18 (META) 

Катар денеска соопшти дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји, меѓу кои и Македонија, за да ги стимулира туризмот и авиосообраќајот. Одлуката веднаш стапува на сила.

Одлуката доаѓа неполн месец отако  македонскиот министер за транспорт и врски, Горан Сугаревски, соопшти дека Македонија е ставена на листата на земји со олеснат визен режим.

Од денеска на граѓаните на Македонија, како и на државјаните на другите 79 земји на кои Катар им одобри безвизен режим, ќе им биде потребен само пасош за да влезат во оваа емиратска држава. Граѓаните на 33 држави ќе можат да останат во Катар 180 дена без виза, додека на другите 47, вклучувајќи ја и Македонија, имаат право на престој од 30 дена и право за едно продолжување на престојот.

84c7231cd788cda5c30ce6ff760a82064dd33157На списокот се земјите членки на шенгенската зона, латиноамерикански и азиски земји. Либан е единствената арапска земја што се наоѓа во Заливот, а не е на списокот.

– Укинувањето на визите ќе го направи Катар поотворен за странци – рече претставник на министерството за туризам на Катар.

Мохамед Рашид ал-Мазруи од катарското Министерство за внатрешни работи рече дека при изборот на државите се воделе од критериумите за безбедност и за економска моќ.

Катар, за разлика од Дубаи, која располага со огромни трговски центри и одморалишта, не е познат како примарна туристичка дестинација.

Во изминатите два месеци, оваа земја се најде на црната листа на земјите од Персискиот Залив кои ја обвинија официјална Доха за поддржување тероризам. По ваквите обвинувања, земјите од регионот, освен Иран, ги прекинаа дипломатските односи со Катар и го затворија својот воздушен простор за авионите регистрирани во оваа заливска земја.