fbpx

Каталонските сепаратистички партии бараат прогласување независност

-

Каталонските партии кои се залагаа за независност поднеле барање до регионалниот парламент да прогласи независност на „Република Каталонија“, но не е познато дали за тоа барање ќе се гласа на денешната седница.

Шпанскиот весник „Паис“ пишува дека партијата Кандидатура за народно единство (КУП), која е наклонета кон независноста и е партнер на каталонската влада, на чие чело е Карлес Пучдемон, соопштила дека се залага за изгласување декларација за независност и за прогласување „Република Каталонија“.

Партијата вчера ја критикуваше „нелојалноста“ на Пучдемон поради најавите за распишување вонредни регионални избори, од што тој вчера се откажа.

Шпанскиот весник пренесува дека луѓето почнале да се собираат пред каталонскиот парламент во пресрет на почетокот на вонредната седница закажана за напладне по локално време.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....