fbpx

Каталонија и Косово не се споредливи бидејќи Шпанија е во ЕУ, тврди Европска комисија

-

Европска комисија, која референдумот во Каталонија го прогласи за неуставен, тврди дека случајот со таа шпанска покраина и со Косово и Метохија се неспоредливи затоа што Шпанија е членка на Европска Унија.

– Кога станува збор за признавањето на Косово, тоа беше многу специфичен контекст. Тоа беше позиција усвоена од различни декларации и резолуции на Обединети нации и на меѓународната заедница. Многу специфичен контекст со специфични причини – изјави портпаролот на ЕК, Маргаритис Шинас.

Тој не објасни за кои декларации и резолуции на ОН станува збор, ниту кои се специфичностите што ги спомена.

ЕК во денешната декларација наведе дека, земајќи го предвид шпанскиот устав, вчерашното гласање во Каталонија било нелегално.

„Ги повикуваме сите релевантни учесници бргу да се префрлат од конфронтации на дијалог. Насилството никогаш не може да биде инструмент во политиката. Веруваме дека водството на премиерот Маријано Рахој ќе го реши овој компликуван процес со целосно почитување на шпанскиот устав и на фундаменталните права на граѓаните“, велат од ЕК.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...