fbpx

Каталонија бара поддршка од ЕУ за референдумот за независност

-

Европската Унија би требало да ја исполни својата должност како ризница на демократските вредности, така што ќе и укаже на Шпанија да дозволи одржување на референдумот за независност на Каталонија, изјавил во Брисел Раул Ромева, министерот за надоврешни работи на регионалната каталонска влада, јавуваат светските агенции.

„Ги повикуваме европските институции да ги поддржат вредностите и принципите. Се кршат граѓанските права и квалитетот на демократијата во Шпанија е паднат“, истакна Ромева на прес-конференција.

Со избегнувањето да повикаат на дијалог се добива впечаток дека Европската комисија ги поддржува „репресивните мерки“ на Мадрид, бидејќи се апсат функционери на регионалната влада, градоначалници и новинари, додал Ромева.

Според него, институциите на ЕУ мора да разберат дека референдумот е „големо прашање“.

Ромева побара поддршка од Брисел еден ден откако каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон го обвини ЕУ дека им свртела грб на Каталонците во спорот со шпанската централна влада.

Комисијата во Брисел, како што јавуваат агенциите, соопштила дека го почитува уставниот поредок на Шпанија.

Шефот на каталонската дипломатија ја обвинил шпанската влада дека врши притисок на каталонските официјални претставници референдумот да не се одржи.

Ромева рекол дека не очекува насилство, додавајќи дека не е во гените на Каталонците со насилство да ги решаваат политичките проблеми.

Референдумот за независноста на Каталонија, кој шпанските власти го сметаа за нелегален, е закажан за в недела.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...