fbpx

Касами: Беса нема да биде дел од владата, Заев не прифати редефинирање

-

Движењето Беса нема да биде дел од идната влада бидејќи мандаторот не беше подготвен да ги прифати принципите за заедничко владеење и за нив да потпише договор, информираше денеска на прес-конфренција лидерот на Беса, Билал Касами.

-Беса ќе продолжи да биде конструктивен политички фактор во Македонија останувајќи заштитник на Албанците, но и на севкупните граѓански интереси на државата. Беса ќе ја поддржи секоја иницијата што ќе биде во полза на Албанците и на државата во насока на имплементација на потребните реформи. Нашите врати ќе бидат отворени за секој кој тежнее кон тие принципи. Нашата задача уште не е завршена. Беса денеска докажува дека останува на страната Албанците и на другите граѓани во земјата а убедени сме дека гласачот тоа брзо ќе препознае и дека овој режим на наредните избори целосно ќе падне – изјави Касами.

На новинарско прашање дали Беса во Собранието ќе гласа за состав на новата влада, Касами рече „како што тргнале со овие предлози од ДУИ, тешко дека ќе гласаме“.

Прашан да објасни што точно значи принципот на редефинирање што не го прифатил Заев тој рече дека редефинирање значи Македонија да биде држава на сите граѓани кои живеат во неа.

-Ако во јавноста звучи опасно дека и Албанците да сакаат да бидат дел од одлуките кои што се носат во државата тогаш не знам. Ние ги преставуваме Албанците, тоа важи и за сите други. Редефирање значи општеството да се рефлектира во регулирање на државата и институциите – додаде Касами.

Касами истакна дека во Собранието ќе ги поддржат реформите почнувајќи од законот за укинување на екстерното тестирање, СЈО како и за сите други активности на идната влада кои ќе бидат во интерес на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...