fbpx

Каракачанов утре во официјална посета на Македонија

-

Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, утре ќе престојува во официјална посета на Македонија и ќе има средба со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, соопштија денеска од Министерството за одбрана.

Станува збор за прва официјална посета на висок бугарски функционер по потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, на 1 август оваа година во Скопје. Каракачанов и тогаш беше дел од делегацијата предводена од бугарскиот премиер, Бојко Борисов. Тој тогаш изјави дека Бугарија ќе ѝ помогне на Македонија на патот кон НАТО.

Пречекот на бугарската делегација е предвиден утре во 9 часот на платото пред Министерството за одбрана. Половина час подоцна е закажана средбата помеѓу делегациите на двете земји, а во 10.30 часот Шекеринска и Каракачанов ќе дадат изјави за медиумите.

Бугарскиот министер за одбрана ќе ја посети и касарната „Илинден“ во Скопје, каде полкот за специјални операции ќе изведе показна вежба.

Инаку, Каракачанов е долгогодишен лидер на бугарската ВМРО-БНД, која е позната по екстремниот национализам кон Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...