fbpx

Караѓозов: До петок нема да оперираме поpади револт од известувањето на медиумите

-

Лекарите на Клиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе работат само на итни случаи, а ваквата одлука, според директорот Александар Караѓозов, пренесува МРТВ, била донесена поради револт за начинот на кој медиумите известувале за вооружениот инцидент во кој беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ.

Караѓозов изјавил дека за одлуката добиле поддршка и од министерот за здравство, Никола Тодоров, со кој денеска имал средба.

Пациентите кои не се итни случаи, додека трае бојкотот на работата на лекарите на дигестивна хирургија, ќе се препраќаат во болниците „8 Септември“ и „Свети Наум Охридски“, пренесува „Канал 5“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...