fbpx

Караџовски се пожали на притисок од медиумите врз судот

-

Претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, Зоран Караџовски, денеска на прес-конференција апелираше да престанат притисоците врз судската бранша. Тој речe дека какво било мешање и притисок од медиумите врз судиите е целосно спротивно на барањата на меѓународната заедница во оваа сфера, како и прекршување на меѓународните и на домашните стандарди.

Караџовски изјави дека е недозволиво какво било влијание врз судските процеси, кои треба да бидат заштитетни од медиумски притисок.

– Правиме обид да го зачуваме сопствениот интегритет како судии и интегритетот на професијата, затоа што се прават обиди за оцрнување на нашиот општествен углед. Апелираме сите да се воздржат од тоа – рече Караџовски.

Одговарајќи на новинарски прашања, претседателот на Судскиот совет рече дека досега не почувствувале потреба да го кажат ова и дека судството во Македонија е назависно и нема никакви спреги меѓу владејачката партија и судиите.

Караџовски додаде дека и претхоно имало притисоци, но дека тие не биле толку изразени. Тој нагласи дека притисоците почнале по неговата изјава за петте судијки кои биле повикани на разговор во Специјалнотo јавно обвинителство.

Караџовски одби да одговори на неколку новинарски прашања со образложение дека, според него, биле несериозни и биле политички констатации.

На прашањата за негов коментар за вчерашното однесување на раководството на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кое одби да спроведе судска одлука, Караџовски рече дека тоа е проблем на тој што одбил и дека постојат постапки соодветни за таква ситуација.

Одговорајќи на прашањето дали тој смета дека однесувањето на раководните лица од УБК е притисок и непочитување на судството, Караџовски рече дека тоа прашање е несериозно.

На прашањето, пак, дали како и една од неговите претходнички и тој се јавува кај поранешниот премиер Никола Груевски за да го инфомира за секое слободно место, Караџовски на почетокот не сакаше да одговори, но потоа рече дека не се јавувал никаде.

Претседателот на Судскиот совет на почетокот на прес-конференцијата рече дека биле поканети и амбасадори на странски земји, но ниту еден од нив не се појавил.

Инаку, прес-конференцијата се одвиваше во лоши услови во просториите на Судскиот совет, во кои новинарите ниту можеа да работат и да слушаат, а половина од нив мораа да чекаат пред врата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...