fbpx

Кандидатот на екстремната десница доживеа пораз на претседателските избори во Австрија

-

Кандидатот за претседател на Австрија на крајно-десничарската Слободарска партија, Норберт Хофер, доживеа пораз на претседателките избори што се одржаа денеска, јавува „Би-би-си“.

Како што пренесува британскиот национален сервис, шефот на кампањата на Хофер ја признал победата на независниот кандидат Александар ван дер Белен, која ја имаше поддршката на Зелените.

Иако функцијата на австрискиот претседател е во голема мера церемонијална, денешните претседателските избори беа спроведени во еден вид реферндумска атмосфера бидејќи на резултатите од изборите се гледаше како на своевиден знак за тоа што може да се очекува од изборите во другите земји членки на Европската Унија.

Резултатите од изборите, пишува „Би-би-си“, со сигурност ќе бидат прифатени со олеснување од партиските естаблишменти и од функционерите на ЕУ.

Според резултатите од досега преброените гласови, Александар ван дер Белен има голема предност пред својот противкандидат.

Инаку, за идната година избори се закажани во Франција, Холандија и во Германија, каде националистичките и антиемигрантските партии земаат сè поголем замав.

На Хофер, кој својата претседателска кампања ја водеше врз антиемигрантска палтформа, му се забележуваше и тоа дека доколку стане претседател, ќе заговара излегување на Австрија од Европската Унија, по примерот на Велика Британија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...