fbpx

Кандидат за премиер на Данска позира гол на изборeн плакат

-

Данскиот политичар Џон Ерик Вагнер се фотографирал целосно гол, со машките атрибути во преден план, затоа што сака да стане премиер на Данска.

Плакати со 53-годишниот гол Вагнер го преплавија Копенхаген, а на нив е испишано мотото: „Гласајте за Вагнер. Ќе ви се исплати“.

Независниот кандидат, кој е познат по егзибиционизмот, пред две години се појави облечен како каубој на предизборните дебати. Тој сега отиде чекор подалеку и го покажа половиот орган со надеж дека тоа ќе му помогне во освојување на премиерската фотелја.

Данецот ветил дека, ако дојде на власт, ќе го затвори заводите за вработување, ќе ги измени изборните закони, на сите граѓани ќе им обезбеди бесплатен забар и комплетно ќе го реформира пазарот на труд така што ќе воведе годишен одмор од шест месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...