fbpx

Каменос: Ќе направам сè за да не се даде името Македонија

-

Коалицискиот партнер во грчката влада, министер за одбрана и лидер на Независни Грци, Панос Каменос, вели дека не се согласува со тоа како владата го води прашањето со името и ќе направи сѐ за да не се даде терминот Македонија, јавува државната агенција МИА.

На расправата во грчкиот парламент за случајот со фармацевтската компанија „Новартис“, Каменос го спомена и прашањето со името.

– Секако дека не се согласувам со владата и со тоа како управува во прашањето за името Македонија, тоа го имам јавно кажано, и ќе направам сѐ за да запрам да не се даде терминот Македонија и секако дека нема да гласам – рече Каменос во неговиот говор.

Додека тој говореше, лидерот на Сојуз на централисти, Василис Левендис му дофрлуваше од пратеничкото столче, на што Каменос му се обрати, изразувајќи убедување дека прашањето за името нема да стигне во грчкиот парламент.

– Нема да дојде за гласање, господине Левендис, ним им требаат 10 години за да ги направат уставните промени, порача лидерот на Независни Грци и коалиционен партнер во грчката влада – рече Каменос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...