fbpx

Каменос фатен во лага за трошоците за неговото патување во САД

-

Грчките медиуми го обвинуваат коалицискиот партнер на премиерот Алексис Ципрас и министер за одбрана, Панос Каменос, за лага околу точната финансиска сума што била потрошена за неговиот престој во Вашингтон.

Иако владата на СИРИЗА вети и се залага за што помали трошоци кои вклучуваат возење со економска наместо со прва и со бизнис-класа, некористење државни автомобили, весниците „Прото тема“ и „Та неа“ излегоа со информации дека Каменос за престојот во САД си дозволил голем луксуз.

Според информациите на „Прото тема“, кои  објавија целосна сметка од хотелот „Фор сизонс“, тој потрошил околу 1.400 долари од вечер за престој, иако самиот тврдел дека платил само 300 долари за време на посетата во САД.

Весникот истакнува дека има огромна разлика меѓу сумата што стои во официјалната сметка и таа што Каменос инсистира дека е платена.

Грчкиот министер првично тврдел дека плаќал само 268 евра дневно, за подоцна на „Твитер“ да напише дека точната сума е 300 долари од вечер. Каменос тврдел дека престојувал во обична соба, но според сметката од хотелот, престојувал во луксузен апартман „Џорџтаун“ кој чини 1.408 долари од вечер.  По објавата на весникот, сепак, Каменос на „Твитер“ ја признал вистинската сума, односно дека престојот чинел 1.400 долари од ноќ и дека платил и 920 долари за вечера. Но, тврдел дека сумата ја платил лично тој, од свој џеб, а не од државни пари.

Она што предизвикува револт кај медиумите е тоа што Каменос првично дал неточни информации и признал само откако медиумите ја разоткриле целата ситуација и вистинската сума.

Весникот бара одговор кому му припаѓа картичката со која плаќал Каменос, дали навистина парите се лично негови или, пак, ги добива назад од државата и од министерството.

За потсетување, една од првите мерки што ги воведе СИРИЗА беше укинување на секој луксуз и привилегии што ги имаа владата и пратениците.

Голем дел од министрите доаѓаат со сопствени возила, министерот Јанис Веруфакис со сопствениот мотор, а постои правило со кое од нив се бара да патуваат со економска класа за да трошат што помалку државни пари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...