fbpx

Како Македонија ќе го истрпи грчкиот колапс: Бизнисот ќе страда, банките ќе куртулат

-

Според гувернерот Димитар Богов, грчката криза не може да удри по банкарскиот сектор, но влијание ќе има врз трговијата со оваа држава.

Последици може да почувствуваат компаниите што извезуваат на тој пазар. Потребата од пласманот на македонски производи ќе се намали поради намалување на куповната моќ на Грците.

Надворешно-трговската размена со Грција во првиот квартал во 2013 година изнесувала 51,89 милиони долари, во 2014 година за истиот период – 48,48 милиони долари и годинава во првиот квартал таа изнесува 41,62 милиони долари.

Гледано според години, надворешната трговска размена од 2008 до 2012 година бележи постојан пад.

2008 година = 536,37 милиони долари

2009 година = 291,65 милиони долари

2010 година = 246,20 милиони долари

2011 година = 218,01 милиони долари

2012 година = 188,49 милиони долари.

И извозот од Македонија кон Грција од светската криза во 2008 година се намалува.

2010 година

извоз = 245,093 милиони долари

увоз = 448,650 милиони долари

2011 година

извоз = 218,014 милиони долари

увоз = 569,750 милиони долари

2012 година

извоз = 187.981 илјади долари

увоз = 803.714 илјади долари

2013 година

извоз = 211,919 милиони долари

увоз = 697,787 милиони долари

2014 година

извоз = 226, 688 милиони долари

увоз = 667, 292 милиони долари

Гувернерот Богов информираше дека грчките инвестиции досега изнесуваат 433 милиони евра и најголемиот дел од нив, главно се реализирани до почнувањето на кризата во 2008 година. Оттогаш тие се сведени на минимум.

Минатата година нето-приливот бил 3,5 милиони евра, а од почетокот на годината тој изнесува 300.000 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...