fbpx

Какаду го прослави 100. роденден со торта

-

Во резерватот за животни во Тасманија е одржана роденденска прослава за какадуто Фред, кој наполни 100 години. Папагалот добил многу честитки, вклучувајќи ја и таа од Бакингемската палата.

Роденденска торта за какадуто Фред
Роденденска торта за какадуто Фред

Фред речиси 20 години живее во резерватот Боногронг. Вработените од резерватот, по повод роденденот, му донесоа  бела торта во облик на бројката 100, со три жолти свеќички.

Петра Харис, која се грижи за Фред, вели дека тој сака да биде во близина на жени и оти знае многу зборови. Сепак, најомилени фрази му се „Здраво Фред“ и „Поли сака крекер“. Таа вели дека Фред не сака да излегува од својот кафез. Папагалот пред да стане дел од резерватот бил домашен миленик, сè додоека не му починал сопственикот.

Повеќето какадуа не ја доживуваат стотата година. Овие птици во дивината живеат околу 40 години, а на 70 години се сметаат за особено стари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...