fbpx

Кај Јанева има точно 540.646 снимки од незаконски прислушувани разговори

-

Во извештајот што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го достави со Собранието, Советот на јавни обвинители и до медиумите, првпат прецизно е наведена бројката на снимки од незаконски прислушуваните разговори, од кои, според она што може да се види, мал дел објави опозицијата минатата година.

Пописот на материјалите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги достави до СЈО на 30 декември минатата година, односно еден хард-диск и шест кутии со транскрипти во печатена форма, кои по приемот биле сместени во сигурносни сефови што ги исполнуваат безбедносните стандарди за чување ваков вид материјали, покажал дека во нив има:

  • 546.948 фајлови на екстерниот хард-диск, од кои 540.646 се аудиофајлови и 6.302 фајлови  со различен формат (word, excel, PDF и други);
  •  23 спирално укоричени книги со вкупно 18.155 страници;
  •  119.088 транскрипти од разговори и од СМС-пораки, содржани во книгите;
  •  1.828 листови со испечатен текст кои не биле нумерирани, а кои Комисијата ги нумерирала со бројки од 1 до 1.828;
  • 619 страници содржел записникот од пописот на Комисијата на материјалите.

Од почетокот на аферата почна и лицитирањето со количеството на прислушувани разговори. На денот на предавањето на материјалите, Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали ги предал сите 600.000 разговори, рече дека „сите разговори што ги добивме, сите се доставени“.

Лидерот на опозицијата во интервјуто на телевизија „Сител“ со уредникот Драган Павловиќ-Латас рече дека на Специјалното обвинителство му предал вкупно 1.050.000 прислушувани разговори.

Според неговите изјави во измината година, „има докази дека повеќе од 20.000 граѓани во земјава биле незаконски прислушувани од власта“.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...