fbpx

Јужновардарскиот регион во портокалова фаза, остатокот на земјата во жолта

-

Министерството за здравство соопшти дека препораките бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години да бидат ослободени од работните обврски денеска ќе важат само за Јужновардарскиот регион, односно за Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип, Радовиш и околните населени места.

Препораката, како што велат од министерството е дадена согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, според кој во текот на денешниот ден во Јужновардарскиот регион се предвидуваат температури од портокалова фаза. Останатиот дел од земјата ќе виде зафатен со температури од жолта (алертна) фаза.

„Само во овој регион остануваат да важат препораките за портокалова фаза, односно им се препорачува на работодавците во овој регион доколку изведуваат работи на отворено, да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот“, стои во препораката на Министерството за здравство и се додава да се избегнуваат спортски и рекреативни активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Од министерството потсетуваат дека и понатаму треба да се почитуваат препораките за заштита од високите температури, односно да се избегнува директна изложеност на Сонче, престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да се носи светла и лесна облека, да консумирање лесна храна и течности, храната да биде термички обработена и хронично болните лица редовно да земаат терапија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...